ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/23/22 12:21 PM

„Сега знам зошто Путин има долга маса“ – Светот се шегува на Макрон и Зеленски

Фотографијата на која францускиот претседател Емануел Макрон се гушка со украинскиот претседател Владимир Зеленски стана хит на интернет.
Фотографот на АФП, Лудовик Марин, кој ја направи фотографијата во Киев минатата недела, рече дека Макрон одеднаш почнал да зборува на уво на Зеленски, откако ја завршиле заедничката прес-конференција со другите лидери на Европската унија.

– Зошто Зеленски не гледа? Не знам – искоментира Марин на фотографијата.

Наизглед незгодниот момент брзо стана тема на шеги на социјалните мрежи.


– Тоа што разговарам со него не значи ништо, секогаш тебе те сакам – се пошегува украинската новинарка Тања Козирева.
-Најди си некој што те гледа онака како што Макрон го гледа Зеленски“, напиша друг корисник на Твитер.

„Сега разбирам зошто Путин има толку долга маса“,  се пошегува и Марија Захарова.

 

Во четвртокот Макрон го посети Киев со германскиот канцелар Олаф Шолц, италијанскиот премиер Марио Драги и романскиот претседател Клаус Јоханис, а по тој повод лидерите на ЕУ се фотографираа со Зеленски.

Ова не е прв пат францускиот претседател да стане интернет мимови.

Во март годинава Макрон се појави во Златната соба на Елисејската палата во тренерки и фармерки, поради што многумина открија дека го копира Зеленски, кој инаку негува таков лежерен стил. Само еден месец подоцна, Макрон се сликаше со раскопчана кошула, покажувајќи влакна на градите, кои исто така не останаа незабележани.

Во 2017 година социјалните мрежи беа полни со шеги за ракувањето на Макрон со тогашниот американски претседател Доналд Трамп. Макрон, наводно, се ракувал толку силно што оставил отпечаток на неговата рака.

Извор: srbijadanas.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1