ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/23/22 8:56 AM

Се разведуваат магнатот Руперт Мардок(92) и манекенката Џери Хол(66)

Медиумскиот магнат Руперт Мардок и неговата сопруга, актерката и поранешна манекенка Џери Хол, се разведуваат по шест години брак, пишува „Њујорк тајмс“.
Тие се венчаа во 2016 година, две години откако Мардок се разведе од бизнисменката Венди Денг. Мардок потоа на Твитер напиша дека е „најсреќниот човек на светот“.
Веста за разводот шокираше многумина, откако парот размени нежности пред камера минатата година, на прославата на 90-тиот роденден на Мардок. Хол е 26 години помлад од Мардок. Претставникот за медиуми на Мардок одби да ги коментира наводите, додека соработниците на Џери Хол беа недостапни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe)


Двојката се венчаше во Лондон во март 2016 година, по пет месеци во врска. Тие организираа, како што тогаш го опишаа британските медиуми, скромна церемонија во Спенсер Хаус. Тоа беше четврти брак на Мардок (а сега четврти развод), додека Хол претходно не беше во брак. Таа беше во 22-годишна врска со Мик Џегер, со кој има четири деца. Мардок од претходните бракови има шест деца.
Тој се оженил со својата прва сопруга, поранешната стјуардеса Патриша, во 1956 година. Двојката се разведе во 1967 година, девет години по раѓањето на нивното единствено дете, ќерката Пруденс. Истата година се ожени со втората сопруга Ана, новинарка од Глазгов, со која беше во брак 32 години и имаше три деца. Тие се разведоа во 1999 година.

Ана доби 1,7 милијарди долари по разводот, вклучително и 10 милиони долари во готовина. Само 17 дена по разводот, Мардок се ожени со Венди Денг, со која беше до 2014 година и со која има две деца. Мардок имал 68 години за време на нивната венчавка, додека Венди само 30.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1