ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/22/22 3:02 PM

Ќе има ли скандал? Ќе настапи ли Влатко Стефановски на „Пиво фест“? Повикан е и Ламбе, но се уште не потврдил!

Настапот на вируозот Влатко Стефановски на претстојното издание на „Пиво Фест“ е откажан, односно Влатко е отстранет од програмата!!

Оваа вест од утрово се шири на социјалните мрежи, а како причина се наведува дека Влатко, наводно,  е отстранет ургенцијата на одредени личности од ВМРО ДПМНЕ, кои не сакале Влатко да настапи на оваа летна журка.

Во обид да ја дознае вистината ММС се обрати до организацијата на фестивалот од каде ни рекоа:

-Има пејачи чиј настап е веќе закажан, но има за кои се уште не е потврдено, поради нивните обврски и веќе закажани настапи. Списокот се уште не е конечен, но набрзо ќе се знае конечната листа, велат од „Пиво Фест“ за ММС и додаваат:

-Настапот на Влатко Стефановски не е откажан, бидејќи се уште не е закажан. Сакавме да настапи и Ламбе, но како и за Влатко, така и за Ламбе се уште не се знае дали ќе бидат дел од фестивалот. Нивното учество зависи од нивните обврски, не од нас. Доколку откажат, тогаш списокот ќе го пополниме со други, велат од ПР тимот на фестивалот.

ММС праша кои други уметници ќе настапат на местото на Влатко или на Ламбе, но од таму се уште ништо не одговорија, како што не одговорија и кои други пејачи ќе бидат дел од комплетната листа од годинешното издание на „Пиво фест“ 2022.

Се обидовме да го добиеме и Влатко Стефановски, но тој не одговараше на повиците на ММС.

Од неговиот Инстаграм профил  се гледа дека Влатко е на концерти низ поранешните Ју републики.  Последната негова објава е пред неколку часа, кога е објавена фотографија од синокешниот настап во Нови Сад. Концертните настапи на Влатко се заедно со Мирослав Тадиќ.

Љубителите на музиката, не на политиката се во исчекување на списокот на учесници на годинашното издание на „Пиво фест“. Меѓу коментарите на социјалните мержи има и такви во кои се вели:

„Едно нешто во државава не може да се направи, а да не се вмеша политиката. Срамота!“ „Политиката не не остава да живееме на раат и да уживаме во музика, по она што го поминавме со короната“, „Во Македонија стварно веќе не се живее, сега пак Влатко им пречи“, „Поделија се, им останаа уште музичарите“…

(В.М.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1