ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/22/22 1:19 PM

Познати македонски убавици во Скопје ги претставија најновите креации на косовската дизајнерка, Мерита Харџи Коци

Во ексклузивни и блескави фустани во центарот на Скопје продефилираа повеќе познати Македонки.

Поводот беше претставувањето на најновата колекција на модната дизајнерка од Приштина, Мерита Харџи Коци.

Манекенката Вера Мештеровиќ беше водителка на настанот, кој го отвори мисицата, Билјана Јаневска. Во изјава за ММС, таа кусо посочи дека фустаните кои ги носеа таа и останатите македонски убавици на настанот, се всушност наменети за посилниот пол бидејќи како што вели, жените се моќ, сила и ведрина.

„Не се сметаме за нежни повеќе. Затоа што тоа што ние можеме да го износиме како товар не можат ни 10 мажи“, вели Јаневска.

Инаку, дизајнерката Мерита Харџи Коци е присутна на македонскиот пазар од 2011-та година, а ревијата на која јавноста се запозна со нејзините најнови креации се одржа во Градскиот трговски центар во Скопје.

 

Фото: Фото студио Бимбо


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1