ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/17/22 3:02 PM

Од ноќеска дизелот поскапува за два денари, одлучи РКЕ

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за 2 денари за литар. Цената на бензините, пак, останува иста, одлучи денеска РКЕ.

Малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 111.5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 113,5, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 109,5 денари.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста, ќе се продава за 105,0 денари за литар, а  малопродажната цена на Мазутот М-1 НС  за 56,3 денари.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7