ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/17/22 2:41 PM

„Тиквеш“ доби три награди на Софискиот балкански вински фестивал

– Во конкуренција меѓу 280 винарии, производители и увозници на вино од сите балкански земји, „Тиквеш“ доби три награди на 11. Балкански вински фестивал, јави дописникот на МИА од Софија. Признанијата ги доби во категоријата Најдобро суво вино/Балкан Шоу.
Радош Вукичевиќ, извршен директор на Тиквеш, за МИА во Софија изјави дека форумот е многу добра платформа за позитивна конкуренција меѓу балканските производители, извозници и трговци со вино. „Тиквеш“ на бугарскиот пазар продава 500.000 литри ракија и вино и има удел од 1 милион евра.
Потрошувачката на вината на „Тиквеш“ во Бугарија расте и тие добиваат многу добра препознатливост на локалниот пазар. Македонската компанија планира да го прошири своето претставништво во Бугарија, но „Тиквеш“ бара и соработка со локални бугарски винарии, стратешки партнерства или потенцијални аквизиции кои имаат лозови насади со многу сериозен потенцијал.

Бугарија има потенцијал да привлече многу од производите на „Тиквеш“ бидејќи, според Вукчевиќ, е најголем на Балканот. Бугарија и Хрватска имаат најголеми пазари и заедно се за два и пол пати поголеми од Србија.

Иако македонската компанија на бугарскиот пазар е присутна повеќе од 10 години извршниот директор на компанијата смета дека тие се на самиот почеток на развојот. Тиквеш произведува 18 милиони литри алкохол годишно или нешто повеќе од 20 милиони шишиња и е најголем производител на ракија. Компанијата е најголем производител во Југоисточна Европа.

Директорката на фестивалот и претседател на бугарската асоцијација на извозници на вино Галина Нифору рече дека настанот е особено вреден затоа што ги зближува луѓето на Балканот, бидејќи за нив виното е мост на пријателство.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7