ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/17/22 1:37 PM

Убав е, како на слики така и во живо, вели Драгана Спасовска, која била причина за разделбата на Шакира и Пике

Една од најжешките теми во последните недели е несомнено изненадувачката разделба на фудбалерот на Барселона, Жерар Пике и пејачката Шакира.

Но, за медиумите се појави уште поинтересна вест, а тоа е дека причина за разделбата меѓу Пике и Шакира е наше девојче. Станува збор за Драгана Спасовска, која неколку години живее и работи во Дубаи.

ММС стапи во контакт со Драгана, која беше воздржана, барем засега, бидејќи и било забрането да зборува.

-Навистина не можам да коментирам, забрането ми е да давам изјави, но понатаму ќе ја кажам вистината, ни рече Драгана.

Во бугарските медиуми, кои први ја открија оваа афера пишуваат и дека „Откако ја исфрли Шакира од животот, Бугарката Драгана Стасовска се надева на брак со Пике“.

Но, Драгана не сака да ги коментира написите во медиумите, особено во Бугарија, каде како што вели е многу популарна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Spasovska (@spasovskadragana)


ММС ја праша Драгана дали е вистина дека се надева на брак, доколку нешто навистина се случило меѓу нив, но Драгана рече:

-Јас навистина сум многу популарна во Бугарија, и многу повеќе отколку тука и претпоставувам дека некој нешто од друштвото коментирал. Но, навистина не можам ништо да коментирам. Ме бараат медоуми од сите страни, дури и да се појавам во живо по телевизиите. Но, јас не можам да кажам ништо во врска со ова, навистина не можам да кажам дали јас сум причина за нивната разделба или не, ни рече Драгана.

Бидејќи пред извесно време објави заедничка фотографија со фудбалерот ја прашавме Драгана каков е Пике во живо, на што таа ни рече:

-Убав си е, нормално дека е убав. Ист си е, како на сликите, како на телевизија така и во живо“

Шакира и Пике, чија љубов изгледаше толку реална и непоколеблива, реши да ја заврши својата приказна по 12 години и две деца. Западните медиуми упорно зборуваат дека причина за разделбата било неверството на шпанскиот фудбалер.

И иако ја потврдија информацијата дека се разделуваат, и двајцата молчат на темата која е причината што доведе до прекин на нивната врска.

Шакира и Пике никогаш не се венчале, но допрва треба да го поделат имотот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Spasovska (@spasovskadragana)

Медиумите ја потврдуваат оваа афера на Драган и Пике со фотографија, на која како што  се пишува ги издале нивните топли чувства .

Но, сето ова пишување не доби – да, ниту од Пике, ниту од Шакира, ниту, пак, од Драгана, но во шпанските медиуми силно се коментира дека фудбалерот има склоност да се сопнува на различни жени, кои порано или подоцна би го уништиле неговото семејство со Шакира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Spasovska (@spasovskadragana)


Драгана по мајка е од Бугарија, а по татко е од Македонија. Затоа пред неколку години на прашањето дали се чувствува како Македонка или како Бугарка, таа одговорила дека се чувствува како Бугарка!

Медиумите пред неколку години пишуваа и дека таа во Дубаи живее со постар маж кому му била партнер во бизнисот во неговата компанија.

(В.М.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1