Лугето кои пред малку поминуваа крај зградата на „Рузвелтова“ број 2 во скопската населба Капиштец за малку ќе беа погодени со шпагети.
Некој од станарите во зградата чии балкони гледаат накај паркчето зад зградата среде бел ден место во корпа за ѓубре реши од шпагетите да се ослободи од балкон. Луѓето кои поминуваа и кои седеа на клупите во паркчето беа шокирани од односот на несовесниот станар, кој откако ги фрли шпагетите веднаш се сокри.
Во приземјето на зградата има ресторан, месара, кројачница и аптека, што значи дека поминувањето крај зградата е прометно и дека само среќа го послужи некој да не биде погоден од полно тенџере варени шпагети.
Жители на населбата, кои секјдневно минуваат крај зградава или седат во паркчето на клупите велат дека ова не е прв пат од оваа зграда место во канта од ѓубрето да се ослободуваат од тераса. Често биле сведоци како се фрлале табли јајца, отпушоци од цигари, остатоци од друга храна, коски и многу други нешта.
-Веднаш после Велигден мене пред нозе ми падна цела табла со јајца, за малку ќе ме погодеше, вели една минувачка.
Оние кои се најдоа на ова место кога несовесниот станар реши да се ослободи од јадењето коментираа:
„Кој вели дека во Капиштец живеат граѓани?“, „Им се смеат на тие од село, а тие се поголеми граѓани од сељациве во Капиштец“, „Простаци“… се само дел од коментарите на граѓаните кои минуваат крај зградава или одмараат во паркчето и секојдневно се во страв каков остаток од храна ќе им падне на глава.