ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/13/22 10:16 AM

Штипскиот универзитет денеска избира нов ректор

Шест кандидати се на гласачкото ливче, кои се пријавија на јавниот конкурс за избор на нов ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Нивните колеги ќе гласаат за: Татјана Атанасова-Пачемска и Владо Гичев, редовни професори на Факултетот за информатика, Емилија Јаневиќ-Ивановска од Факултетот за медицински науки, Дејан Мираковски и Зоран Панов од Факултетот за природни и технички науки и Винета Сребренкоска од Технолошко-техничкиот факултет. Наставно-научните и уметнички совети на единиците на Универзитетот формираа комисија која го спроведува гласањето и доцна попладне треба да го соопшти новиот ректор.

Според неофицијалните најави најголеми шанси има професорот Дејан Мираковски, иако последните денови добива силна конкуренција во името на професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, зад кој застанал првиот ректор на УГД, Саша Митрев.

Се’ уште актуелниот ректор, Блажо Боев на својот наследник функцијата ќе му ја предаде во септември. Новиот ректор ќе има тригодишен мандат, со право на уште еден реизбор.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7