ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/11/22 10:00 PM

Љубовницата на Путин за првпат во јавноста по веста дека е бремена – Алина Кабаева прошета во Сочи

Наводната љубовница на рускиот претседател Владимир Путин,  носител на златен олимписки медал и гимнастичарка Алина Кабаева е снимена во црноморското одморалиште Сочи на тренинг за ритмичка гимнастика за деца.

Алина се криеше од почетокот на руската инвазија на Украина и ретко се појавуваше во јавноста. Таа не ги коментираше санкциите или нејзиниот приватен живот. Ова е нејзино прво појавување во јавноста откако западните власти ја прогласија за тајна партнерка на Путин.

Московски Комсомолец пишува дека Алина „многу ослабела“, пренесува Дејли Мејл.

„Алина сака скапи, елегантни комбинации на облека, кои може да си ги дозволи како лидер на Националната медиумска група. Таа се појави во бели панталони, блуза со долги ракави во боја јоргован и џемпер во иста боја. Исончаната ѕвезда ги покри очите со елегантни очила за сонце со бели рамки“, напишаа понатаму.

Ова е прв пат таа да биде видена во јавноста од април, откако на канал на Телеграм ја нарекоа „невидлива принцеза“.

Инаку, неодамна се појавија гласини дека Алина Кабаева е бремена.

„Путин дозна дека неговата љубовница е повторно бремена – и се чини дека тоа не било планирано“, објави рускиот канал General SVR, наведувајќи дека рускиот претседател бил бесен.

Да потсетиме, врската меѓу Путин и Алина првпат ја објави дописникот на Москва во 2008 година, по што Путин демантираше дека имал афера со освојувачот на златниот медал. Путин и Алина беа видени и на Зимските олимписки игри во Сочи 2014 година, а обајцата носеа венчални прстени, што повторно поттикна гласини за врска. Но, ниту една страна никогаш не ги потврди гласините, туку само ги демантираше.

извор: B92.net

фото: www.cornwalllive.com/

фото: https://massesmedia.com/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7