ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/8/22 7:18 AM

Облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината и со поинтензивни процеси во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Според најавите од УХМР, до петок ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневната температура ќе биде во опаѓање. И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме. Постепено стабилизирање на времето ќе има од сабота


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7