ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/6/22 12:33 PM

Поради преголем интерес концертот на Цеца и Анастасија се преместува на градскиот стадион во Пробиштип!

Поради огромен интерес за концертот закажан за 11.06 јуни на најголемата балканска ѕвезда Цеца Ражнатовиќ и нејзината ќерка, младата ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ истиот ќе биде преместен на градскиот стадион во Пробиштип, наместо „Аква паркот“.

Организаторите велат дека морале да се одлучат на овој чекор, бидејќи аква паркот би бил претесен да ги собере сите обожаватели на Цеца и Анастасија.

„Моравме да го преместиме концертот, бидејќи интересот е преголем. Секој ден добиваме повици и резервации и од Србија и Бугарија. Она што е најважно тоа што во сабота не очекува топло и убаво време“ – велат тие.

Инаку ова е прв заеднички настап на Цеца и нејзината ќерка Анастасија и којзнае дали повторно некогаш ќе ги видиме двете на иста бина. Она што беше интересно пред неколку дена е нивната листа на желби кои ја открија организаторите.

Тие кои сè уште немаат набавено влезници, истото може да го сторат онлајн преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, продавницата на „Југотон“, како и „Розе Веро 2“.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7