ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/28/22 8:09 PM

Мајмунските сипаници пристигнаа и во Малта, регистриран првиот случај

Во Малта е забележан првиот случај на мајмунски сипаници – соопшти денеска тамошното Министерство за здравство.

Маж на возраст од 38 години, кој неодамна престојувал во една од земјите погодени од епидемијата на мајмунски сипаници, е во домашна изолација со благи симптоми. Малтешките здравствени власти ги повикуваат граѓаните да одржуваат добра хигиена.

Оваа недела, министерот за здравство на Малта, Крис Ферн, рече дека тие сипаници не се „уште еден ковид” и истакна дека властите се добро подготвени да се справат во случај на избувнување епидемија.

 

МИА

Фото: Илустрација


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1