ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/28/22 8:05 PM

(видео) Силно невреме со дожд и град во Охрид и Битола

Попладнето по 17 часот Охридско и Битолско беа зафатени со невреме со силен дожд и град. Во само петнаесетина минути беа поплавени улиците, а крупни топчиња град ги побелеа површините.
Според УХМР градот бил со дијаметар и до 30 мм.
Засега нема пријави за штети.

Нестабилно време се очекува и утре, со најава за променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. УВ=6
Во Скопје, променливо облачно. Од претпладне ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Под влијание на циклонска активност и утре ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време со поголеми количества воден талог), електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Утре преку денот температура ќе биде пониска за 3 до 5 степени. Од понеделник ќе се намали нестабилноста и повторно ќе преовладува потопло време.
Во Скопската Котлина утре ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено и во форма на краткотрајно невреме, а од понеделник нестабилност ќе се намали.

Видео од Охрид – извор:Гоцемедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1