ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/28/22 3:00 PM

(Видео) Солариумот ѝ го уништил животот: Емотивна исповед на Катарина, која се бори со меланом

Вчера ми јавија дека имам две нови метастази на главата, на ‘рбетот, на колкот, панкреасот, црниот дроб и белите дробови. Се молам на Господ имунотерапијата да делува – вели Србинката, Катарина Чочовиќ која јавно го сподели своето искуство со ракот на кожа, болест на која е посветен цел мај како месец за зголемување на свеста за оваа тема.

Катарина Чочовиќ од Ваљево веќе осум години се бори со метастатски меланом. Кога ѝ бил дијагностициран рак, таа имала 28 години и во тој момент болеста била од трет степен, а во Србија не постоела соодветна терапија. Таа вели дека отсекогаш имала бемки по телото, но не обрнувала внимание се до летото 2015 година.

„Една бемка кај ребрата почна да расте и забележав дека нешто не е како што треба. Тогаш имав бебе од осум месеци, па за жал, бемката ја оставив на страна. Откако престанав со доење на бебето решив да се обратам кај дерматолог. Тоа беше погрешен чекор бидејќи ако отидев на време веројатно ништо од ова денес немаше да има“, вели Катерина.

Проблематичната бемка била отстранета по хируршки пат со локална анестезија, а резултатите го потврдиле сомнежот на лекарите дека се работи за рак на кожа. Катарина во тој момент не била свесна што всушност значи нејзината дијагноза.

„По отстранувањето на бемката, беа проверени лимфните жлезди кај пазувите и две беа позитивни на канцер. Следуваа две операции, а потоа во текот на следните две години редовно одев на контрола и се’ беше во ред. Контролата во 2017-та година сепак покажа метастази на одредени органи“, објаснува Катарина.

Во периодот на ремисија таа станала мајка по втор пат, но ја чекале бројни операции, па имала низа третмани за промените на панкреасот, ‘рбетот и дебелото црево, а станала и кандидат за иновативна терапија.

„Во тој момент беше достапна клиничка студија и јас бев една од петмината кои беа избрани да ја примаат таа нова терапија. Јас ги примав терапиите BRAF и MEK, кои делуваа две години. Потоа станав резистентна на нив, а во моментот сум на имунотерапија“, наведува таа.

Со оглед на тоа дека таа немала генетски предиспозиции за ваквата болест, Катарина е сигурна дека клучниот фактор за појава на ракот било штетното изложување на УВ зраци преку солариум, како тип на сончање кое таа го практикувала цели десет години.

„Минатата година насекаде гледав реклами за солариуми. Тогаш имав емоции на лутина и бес, бидејќи темниот тен воопшто не вреди за она што денес го преживувам“, раскажува Чочовиќ.

 

Извор: informer.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1