ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/27/22 3:06 PM

Списанието „Убавина и здравје“ го прослави 14. роденден

„Насмејте се, живи сме“ беше мотото на журката по повод 14 години од списанието „Убавина и здравје“.

Убави гости, убава журка, убаво место за дружба, честитки и насмевки. Желбата да се биде како некогаш, да се дружиме, е желба на сите, па оттаму и тимот на „Убавина и здравје“ се потруди да направи роденденска прослава како што треба, со многу познати гости и музика.

На журката присуствуваа над 400 гости, а беа и доделени награди за Општествена одговорност, хуманост и активизам.

-„Убавина и Здравје“ како одговорен медиум, ги следи сите општествени случувања, настани, проекти, новости и активности, и од таму идејата за проектот „У&З награди“ (#UiZAwards). Овој проект има за цел да ги истакне луѓето, организациите, компаниите, брендовите и производите во јавноста преку доделување на признанија и награди за нивната успешна работа.„У&З бјути старс“ наградите, како и „У&З инфлуенсер авордс“, веќе станаа редовни годишни манифестации на „Убавина и здравје“ и нашата компанија “Колор Медиа Плус“, а годинава, во рамките на „У&З наградите“ на роденденот беа доделени признанија на добрите луѓе и добрите компании со визија и цел за подобро и похумано општество.“

Погледнете во галеријата како беше не роденденската прослава на „Убавина и здравје“:

Фото: Вангел Тануровски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1