ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/27/22 8:00 PM

(Видео) Сакам само Џони да ме остави на раат – Шок пресврт во завршното сведочење на Амбер Херд

Судењето на Амбер Херд и Џони Деп трае веќе шест недели. Последна во средата сведочеше познатата манекенка Кејт Мос, чии тврдења беа во корист на актерот, а изјави дека Џони никогаш не ја турнал по скалите.

Во петок се очекуваат завршните зборови на судењето во кое Џони Деп бара од својата поранешна сопруга 50 милиони долари, а таа е во противтужба за 100 милиони долари.

Во своето последно сведочење, Амбер Херд, на изненадување на јавноста, изјави дека сака само Џони Деп „да ја остави на мира“.

„Знам дека не можам да имам кариера, знам како луѓето се однесуваат кон мене, како ми се закануваат… Добив стотици смртни закани, ако не и секојдневно, илјадници од почетокот на ова судење… Луѓето го исмејуваа  моето сведочење за тоа дека сум малтретирана… Беше агонија. Беше болно, понижувачко, никогаш не мислев дека ќе поминам низ ова, никој не треба да помине низ ова…“

„Сакам само Џони да ме остави на мира“, рече Амбер Херд во солзи, а Деп само кимна со главата, се сврте и воздивна.

Актерката додаде дека настрадала поради тврдењата на адвокатот на Депов, кој изјавил дека нејзините тврдења за злоупотреба се „лажни“.

„Луѓето сакаат да ме убијат и тоа ми го кажуваат секој ден. Луѓето сакаат да го стават моето бебе во микробранова печка и тоа ми го кажуваат“, изјави Херд.

извор и фото: Youtube


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1