ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/27/22 9:58 AM

Голден Стејт прв финалист во НБА, шести пат во последните осум години ќе се бори за титула

Кошаркарите на Голден Стејт изборија пласман во финалето на разигрувањето за титулата во НБА лигата, откако во петтиот натпревар во завршницата на Истокот го совлада Далас со 120-110 и триумфираа во серијата до четири победи со 4-1.

Своето шесто финале во последните осум години Голден Стејт го избори пред 18.064 домашни гледачи во „Чејс центар” во Сан Франциско.

Во големото финале Голден Стејт ќе игра против победникот од серијата меѓу Бостон и Мајами.

Пред шестиот натпревар Бостон води со 3-2.

Во своите пет последни финалиња Голден Стејт три пати славеа, освојувајќи ја титулата во 2015, 2017 и 2018.

фото: https://twitter.com/NBA/status/1530063700262014977/photo/1


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1