ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/26/22 3:39 PM

„Глупаво е да браниш земја, која не ти обезбедува дом и дневен залак“ – Зошто младите си заминуваат, низ тажната приказна на Ваљон Елмази

Во напливот на млади луѓе кои бегаат од Македонија  е и студент кој завршил политички науки на Универзитетот во Тетово. Тој на својот Фејсбук профил пред заминување објави пост, кој го пренесе Топ24.

Студентот Ваљон Елмази, кој објави фотографија од автобуска станица, каде со куфер заминува, напиша:

„Татковината е местото кое ги обезбедува и задоволува потребите на животот, а не причините за смртта. Припадноста е лага измислена од политичарите и од властодршците, за да гинат во одбрана на нивните интереси, пишува студентот Ваљон Елмази и додава:

„Ќе ја предадам татковината. Глупаво е да браниш земја, која не ти обезбедува дом и дневен залак.
Болно е да ги оставиш своите најсакани и да тргнеш низ патиштата во светот, во потрага по она што не ни го дава нашата земја. Татковината е земјата, која ти ги обезбедува и ти задоволува потребите на животот,а не причините за смртта. Припадноста е лага, измислена од политичарите и властодршците, за да гинеме заради одбраната на нивните интереси. Не верувам во идејата за смрт за доброто на татковината.Татковината никогаш не губи, ние губиме секогаш.


Кога татковината оди во војна, тие секогаш ги повикуваат сиромашните, да јазаштитат.
Но, кога ќе заврши војната, бидуваат повикани само властодршците, за да си ги поделат меѓу себе пљачката, воениот плен и позициите. Кога татковината е вовлечена во војна, само градите на кутрите и чесни херои се полнат со куршуми, а функционерите-предавници си ги полнат своите стомаци, своите џепови со пари. Татковината е лага, ја измислија и поставија замислени граници, а ние верувавме во тоа.’ – напиша Валон Елмази на фејсбук.“


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1