ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/26/22 3:30 PM

Дара Бубамара се степала со маж на аеродром: Го изгребала и му удрила шлаканица откако ја опцул

Дара Бубамара се степала со маж на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Инцидентот се случил во средата во 13.30 часот, пред да се качи на летот за Тиват.

– Додека чекавме ред за да се качиме во авионот, еден човек почна да и вика на Дара: „Следниот пат гледај како возиш да не ти ја е… мртвата мајка!“  Изгледа тие двајца се сретнале пред аеродромот, изгледа Дара го „пресекла“ тој лик во сообраќајот, па полуде кога повторно ја сретна“, вели еден од очевидците.

Тоа ја извадило од такт Дара Бубамара, притрчала и почна да го удира човекот кој е речиси половина метар повисок од неа.

„Го удри со тупаници, чанта, го изгреба… Тој и го покри лицето со рацете и не возврати“, изјави очевидец, додавајќи дека останатите патници скокнале да ги разделат.

„Набрзо пристигна полиција, а Дара ни тогаш не се смири. Таа рече дека ќе го осакати доколку повторно го сретне бидејќи ја пцуел нејзината мртва мајка. И покрај тепачката, таа се качила во авионот и не го видовме човекот .

Пејачката ја потврди оваа вест.

“Точно е дека имаше инцидент! Возев малку побрзо за да се качам на летот, бидејќи имав закажан настап во Црна Гора. Тој човек ме навредуваше без причина! Слаб сум на моите родители кои веќе не се живи , и секогаш ќе скокнам на секој што ќе ги допре моите сакани“, рече Дара.

извор: Nova.rs

фото: mondo.me


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1