ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/26/22 10:59 PM

„Со маж ми имавме секс 365 дена секоја вечер“ – Искуство кое ќе ви го подобри бракот и проблемите во него

„Повторно уживав во сексот, уживав во своето тело“, ја започнува својата исповед една жена
Одлучила да има секс секој ден, 365 дена во годината по ред и успеала.

Таа го опиша своето искуство и откри што ја навело на потег. Тоа беше пред неколку години, но позитивните последици, како што вели,  ги чувствува и денес.

Еве ја нејзината исповед:

-Набргу по третото раѓање излегов од кадата гледајќи се во огледало. Си помислив: „Што прави мајка ми во бања?“ Од тој момент не сакав да бидам гола. Ги гасев светлата за време на секс, ги покривав стомакот и градите со облека и чекав маж ми да излезе од собата за да се пресоблечам.
Годините минуваа, а тоа што не сакав да го покажам своето голо тело почна да ме загрижува. Се прашував дали мојот сопруг се сеќава како изгледам гола. Потоа ми текна да водам љубов секоја вечер и така 365 дена. Дојдов до идејата откако разговарав со пријателката која го правеше истото, секоја вечер.

Отпрвин, идејата за секс секоја вечер ми звучеше одбивно, но и малку интригантно бидејќи ќе ме натера да го гледам своето голо тело секој ден. Си помислив: „Покривачот ќе се помести во одреден момент, а светлата ќе останат запалени“. Иако сакав само да легнам на креветот, да грицкам нешто и да гледам телевизија.

Поминаа месеци и почнав да се радувам на тоа. Сексот стана повеќе од секс, се разбудија некои чувства. Станавме поромантични, повеќе се допиравме и страсно се бакнувавме секое утро пред да одиме на работа. Нашата врска стана посилна и подобра.
Повторно уживав во сексот, уживав во своето тело и конечно престанав да ги кријам своите физички маани. Прифатив да изгледам онака како што изгледам. За прв пат ми беше поважно да имам добар секс отколку мојот стомак да изгледа порамно.

После една година престанав да носам облека кога не треба и отидов гола во тоалет. Односот кон моето тело и односот со мојот сопруг неверојатно се промени. Сега, по три години, сè уште имаме секс секоја вечер.

Од сето ова и двајцата научивме колку е важен сексот за да се биде среќен во бракот. Научив да бидам подобра сопруга, подобра мајка и посигурна сум во себе, се чувствувам добро во своја кожа.

И конечно – никогаш не се работеше за тоа дека некој ме сака, туку дали јас се сакам себеси. И ми требаше само една година секс за да го сфатам тоа, објави порталот goodhousekeeping.com, а пренесува курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1