ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/26/22 2:21 PM

Со донации се изгради детско игралиште „Емилија Динева“ во Дојран

По повод две години од смртта на Емилија Динева, чие донирано срце, благодарение на несебичноста на нејзиното семејство продолжи физички да живее, пријателите, роднините, соседите и почитувачите на нејзиното дело, ја исполнија нејзината желба да биде опкружена со деца.

Со помош на донации тие го изградија новото детско игралиште во Дојран за трајно зачувување на споменот на нивната драга сограѓанка.

– Донаторите на органи, како нашата Емилија Динева, ќе останат засекогаш запаметени во поновата медицинска историја кај нас и нивните имиња ќе се споменуваат како синоним за добрина, хуманост и човекољубие – истакна дојранскиот градоначалник, Анго Ангов, при пуштањето во употреба на новото детско игралиште.

Ангов се заблагодари за добрината која Динева ја остави зад себе и, како што рече „ветуваме дека твоето име ќе биде забележано во колективната меморија на нашиот народ”.

 

Ова што го живееме сѐ си мислам дека е некој лош кошмарен сон – Семејството на донорот Емилија Динева заборавено, во тага, очај и сиромаштија


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1