Наместо да купувате, направете домашен сладолед сендвич за помалку од пет минути. Состојките може да ги комбинирате по желба, па наместо чоколадо додајте сечкано овошје. Резултатот ќе биде вистинско слатко задоволство за целото семејство во овие денови кога темепратурите постојано растат.
Состојки:
500 мл слатка павлака
150 гр сирење маскарпоне
200 гр чоколадо
200 гр бисквити
Подготовка:
Изматете ја слатката павлака со сирењето маскарпоне. Додадете ситно сечкано чоколадо (може да измешате црно и бело), па промешајте.
Бисквитот потопете го во млеко и наредете го во калап, па повторно со филот прелијте го бисквитот.
Се става во замрзнувач четири часа.
Фото: Илустрација / unsplash.com