ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/26/22 12:09 PM

Временските промени може да бидат опасни за одредени луѓе, предупредува кардиохирург

Променливото време на многумина знае да им создаде мачнини.

Додека има такви кои постојано чувствуваат умор или им се спие, други не можат ниту да заспијат. Сепак, една група луѓе најтешко ги поднесува променливите временски прилики-објаснува кардиохирургот, проф. д-р Миљко Ристиќ.

„Метеопатските фактори, како што се температурата, влажноста, ветерот или дождот, влијаат и делуваат на нашата здравствена состојба. Постојат некои групи на луѓе, како што се повозрасните или пациентите со хронични болести, кај нив има целосно други реакции. Младите луѓе генерално без тешкотии, а најлошо ги поднесуваат пациентите кои имаат кардиоваскуларни болести или хронични болести поврзани со белодробието“, вели д-р Ристиќ додавајќи дека најчестите проблеми кои се јавуваат како последица на променливите временски услови се зголемениот притисок и пореметениот срцев ритам.

„Не треба да се крева паника, но ситуацијата некогаш може да биде сериозна. Пациентите кои имаат некои метеоропатски особини, често имаат потреба од хоспитализација. На тоа не треба да се гледа површно, туку треба да се спроведат превентивни мерки за да не дојде до хоспитализација“, предупредува кардиохирургот, па објаснува какви се превентивните мерки кои луѓето може да ги преземат. Значи треба да се следат прогнозите, бидејќи тие многу прецизно одредуваат кога ќе дојде до промена на времето и пациентите, особено оние со хронични болести треба да се подготват за тој период и својата терапија да ја прилагодат на промените“, додава докторот.

Тој советува дека пациентите кај кои поради временските промени се јавува страв, депресија, анксиозност или намалена концентрација, да се „повлечат“ на неколку дена и да бидат во стабилна средина додека тоа не помине.

Логично е дека луѓето кои имаат одредени болести треба редовно да си ја земаат својата терапија, но што е со оние кои не се болни, а чувствуваат умор, или имаат несоница?

„И овие луѓе ги има во доста голем број. Мислам дека голем дел од луѓето користат лекови за спиење, па можеда се зголеми нивната доза за да се гарантира цврст сон. Докажано е дека одредени пациенти чувствуваат тешкотии два до три дена пред да дојде до тие метеоролошки промени“, заклучува докторот.

 

Извор:   espreso.co.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1