ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/26/22 11:11 AM

Црешите никако не јадете ги со семка, може да биде опасно, предупредува д-р Булат

Сезоната на црешите веќе почна, па ова превкусно овошје може лесно да се најде на пазарите.  Сепак д-р Владислава Булат, гастроентеролог, вели дека тоа што одредени луѓе ги голтаат семките, може да биде опасно.

„Која било семка од овошје може да направи проблем во гастроентеролошкиот тракт. Имено, со години поради слабост во мускулите се јавуваат проширувања во дебелото црево. Тука семките може да паднат и да останат, а потоа да се јавува потреба да се отстранат по хируршки пат“, вели
д-р Булат.

Сепак, тоа не е единствениот проблем кој семките може да го предизвикаат.

„Семките не може да се сварат и ако некој има каков било проблем со послабо варење, семките може подолго да се задржат во организмот и да направат проблем, особено кај помладите“, вели таа.

Докторката додава дека помала количина не би требало да направи компликации, но ако изедеме повеќе, тогаш е можно да имаме тегоби. Докторката напоменува дека коските треба да се избегнуваат, а освен тоа, посебно внимателни треба да бидеме со аронијата.

 

Извор: espreso.co.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1