ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/26/22 9:09 AM

Дрвја и бандери носеше силниот ветер во Штип

Неколку дрвја и две бандари завршија на земја по силниот ветер што вчера попладне го зафати подрачјето на Штип. Во период од речиси половина час ветерот беше толку силен што во делови од градот успеа да урне две бандери и постари дрвја. Екипи на ЈП „Стипион 2011“ синоќа ги санираа последиците од ветерот.

Според директорот Игор Ефтимов поголеми штети на домаќинствата нема.

-Паднаа две бандери во Чардаклија, а има паднати дрвја во населбата железничка, во Сењак и позади Пролече, кажа Ефтимов.

Сите се отстранети уште синоќа.

 

фото: ЈП Стипион 2011


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1