ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/26/22 9:04 AM

Му подарила кондом со нејзин лик – Глен Пауел се потсети на Џејми Ли Кертис и нивната секс-сцена

Ѕвездата на „Топ ган 2: Маверик“, Глен Пауел, во понеделникот на „Шоуто на Џејмс Корден“ го промовираше актуелното продолжение на блокбастерот од 1986 година, но откри и по малку пикантни подробности околу подарокот што му го дала колешката од „Кралици на вресокот“ (Scream Queens), Џејми Ли Кертис со која бил в кревет…

Мислам дека мојот омилен подарок „во пакетче“ што сум го добил, беше од Џејми Ли Кертис, од времето на серијата наречена „Кралици на вресокот“. Мојата прва сцена во шоуто беше в кревет со неа и снимавме секс-сцена, се потсети Пауел.

Кертис, која е околу 30 години повозрасна од него, многу зборувала за нејзиниот филм „Совршено“, додека ја снимале сцената. Така, кога завршила првата сезона од серијата, таа му дала и ДВД од филмот, но тоа не е сѐ…

– Таа ми даде и нешто како контрацепција „небезбедна за работа“ – со нејзиното лице на тоа, продолжи Пауел (34).

– Значи, таа ти даде кондом со нејзиното лице на него?, праша Џејмс Корден.

– Ми рече: „Благодарам за доживувањето на животот“, рече Пауел, што наиде на прилично добра реакција од Корден и Кејли Куоко, која седеше на каучот до него.

МИА

Фото: Принтскрин


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1