ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/25/22 7:00 PM

Како Русинка му го уништи животот на Мел Гибсон: Од врвен актер и кул татко на 9 деца, станал насилник преку ноќ

Кога ќе се спомене Мел Гибсон, веднаш ќе се сетиме на филмот Храбро срце!

Сликата на Мел во многумина буди чувство да викнат: „Е, ова е маж“! Но, не било баш сѐ така прекрасно и бајковито. Сѐ почнало поради љубовта, па дури ни Мел Гибсон не бил имун на неа.

Имено, својата прва сопруга Робин Денис Мур ја запознал на крајот на 70-те години додека сѐ уште бил релативно непознат актер. Во јуни 1080-та застанале пред олтар во Австралија, а заедно добиле една ќерка и шест сина. По 26 години брак, Мел и Робин се развеле во 2006-та година. Неколку години подоцна, Гибсон во едно интервју истакнал дека проблемите во нивниот брак почнале дента кога го уапсиле поради тоа што возел во пијана состојба во Малибу. Барањето за развод Робин го поднела во 2009 година, а две години подоцна нивниот развод бил финализиран. Имајќи предвид дека парот не потпишал предбрачен договор, Робин добила половина од сѐ она што заработиле заедно.

По разводот, Гибсон почнал врска со руската пијанистка Оксана Григориева. Парот ја доби ќерката Луција во 2009 година, а веќе една година подоцна се разделија. Григоријева го пријавила Мел во полиција поради наводно малтретирање, поради што актерот не смееше да ѝ се приближи ниту на неа ниту на Луција. Како што е наведено во записникот во полиција, пијанистката го обвинила актерот за семејно насилство. Поради ова, некои процедуцентски куќи го одбија Гибсон иако тој се бранеше дека ништо од наведеното не е вистина.

„Никогаш кон никого не сум се однесувал насилно. Јасно ми е дека сега многумина така мислат и го почитувам тоа, но сѐ што сте прочитале во медиумите е ѓубре. Сѐ што сакав е да излезам од таа токсична врска“, изјавил Гибсон во интервју реализирано неколку години по ваквите обвинувања.

Најпосле Гибсон добил потврда дека може да ја гледа ќерката, а на Оксана морал да ѝ плати 750.000 долари.

Од 2014 година славниот актер е во врска со Росалинд Рос, која го роди неговото деветто дете. Тие се запознале кога таа почнала да работи за неговата продуцентска куќа и набргу се заљубиле. Денес Гибсон можеме да го видиме само на филмски промоции, но и како се шета со најмалата ќерка. Тој се труди што е можно повеќе да живее далеку од очите на јавноста бидејќи тој повеќе од кој било друг почувствува дека славата е меч со две острици.

 

Извор: stil.kurir.rs

Фото: Facebook/melgibsonsite


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1