ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/25/22 8:28 AM

Бил Гејтс е повторно „виновен“ за се – Мајмунските сипаници покренаа нови теории на заговор

Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт и американски милијардер, се најде на удар на бројни теории на заговор за време на пандемијата на коронавирус, кога беше обвинет дека се обидел да вбризга микрочипови во луѓето преку вакцини.

Сега, со ширењето на мајмунски сипаници, историјата се повторува, па Гејтс повторно е на удар на социјалните мрежи.


На Твитер кружат бројни теории на заговор, а тие тврдат дека Гејтс на некој начин е поврзан со извештаите за случаите на мајмунски сипаници, кои првично се проширија во Велика Британија, а потоа и во 20-ина други земји.
Случаите на мајмунски сипаници доаѓаат помалку од една година откако Бил Гејтс, предупреди дека владите мора да се подготват за идни пандемии. Тој ги даде овие коментари во текот на 2021 и 2020 година, а исто така предложи да се формира работна група за пандемија на СЗО.

За некои корисници на Твитер, овие настани не се случајни. Наместо тоа, тие наведуваат дека ова е доказ дека Гејтс „кој наводно не е задоволен што ни вбризгува микрочипови преку вакцини против Ковид-19“, сега има намера повторно да направи нешто.
„Значи, додека Соединетите Држави купија вакцини против сипаници пред една недела, светот се подготвува да потпише договор со СЗО што ќе им даде контрола за време на итни случаи, а Бил Гејтс не предупредува за следната пандемија, на насловните страници се зборува за мајмунски сипаници. “, напиша еден корисник на Твитер.

„Давос, договорот со СЗО и книгата на Бил Гејтс „Како да се спречи следната пандемија“ полека се лизгаат во нови извештаи за мајмунски сипаници“, напиша друг корисник на Твитер.
Американската конгресменка Марџори Тејлор Грин од Џорџија, исто така, шири теории на заговор на социјалните мрежи за тоа како „Бил Гејтс се надева дека ќе заработи многу пари од ширењето на мајмунски сипаници“.


Таа сподели видео од интервјуто на Гејтс во ноември 2021 година со Џереми Хант, претседател на Британскиот комитет за здравје и благосостојба. Гејтс не спомна мајмунски сипаници во интервјуто, но предупреди дека владите треба да бидат подготвени за идни пандемии и ја повика СЗО да инвестира милијарда долари годишно за да финансира соодветна работна група.


Ова не се единствените тврдења за Гејтс.
Многумина ги споделија неговите слики и монтажи на Твитер, „обвинувајќи го“ за ширење мајмунски сипаници.
Постојат и теории на заговор кои наведуваат дека вакцината против коронавирус предизвикува мајмунска сипаница.

Извор: nova.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1