ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/24/22 3:38 PM

Жена се породила покрај патот, додека петте деца ја чекале во автомобилот

Хедер Скетс од Кентаки се породила сосема сама покрај патот, додека нејзините пет деца ја чекале во автомобилот.

„Имав некои лесни контракции пред да тргнеме, па заклучив дека имам време да завршам некоја обврска“, изјави Скетс (34) за Today Parents напоменувајќи дека нејзиниот термин за породување бил три недели подоцна, а кога се пораѓала со постарите деца тоа траело со часови.

„Мислев дека нема да го имам бебето во прегратка во следните осум часа“, изјавила таа.

Но одеднаш нејзините контракции станале појаки, што укажувало на тоа дека породувањето почнало. Скетс почнала да вози побргу, со надеж дека ќе може да се породи во вода како што претходно планирала. Сепак, за кратко време ѝ станало јасно дека нема да има доволно време за тоа.

„Застанав, се уверив дека со децата сѐ е во ред, а потоа го зедов телефонот и излегов од возилото“, раскажала таа.

Кога ѝ пукнал водењакот ја спуштила раката и веќе можела да ја почувствува главата на бебето. Не морав ни да туркам, се беше толку брзо. Разговарав телефонски со мојот сопруг Ник и дваесетина секунди подоцна извикав: „Тој е овде“!

Бебето тежело околу три килограми. Со бебето сѐ уште прицврстено за плацентата во нејзиното тело, Скетс полека се вратила во возилото каде што ја чекале другите деца.

„Го замотав во едно ќебе и возев со него држејќи го на градите. Мислам дека децата беа во шок, беа прилично тивки“, открила таа.

Кога конечно стигнале дома. Скетс ја исфрлила постелката под туш со помош на својата тринаестгодишна ќерка, Кејлин, а набргу потоа пристигнала бабицата.

Таа и нејзиниот сопруг размислуваат да го именуваат детето Портер или Волф, по имињата на улиците во близина на местото каде што е родено.

 

Извор:   zadovoljna.nova.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1