ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/24/22 8:00 PM

Како Карлеуша ѝ го спаси животот на кравата Славица?

Музичката ѕвезда, Јелена Карлеуша донираше пари за да се спаси животот на кравата Славица, која нема да заврши на кланица.

Јелена ја покажа својата хумана страна и даде пример за начинот на кој треба да се третираат животните. Група студенти по ветерина ја откупиле Славица од фарма која им ја позајмила за пракса, а парите кои биле неопходни за ваквиот гест (150.000 динари), биле донирани од Карлеуша.

Кога таа дознала за акцијата на студентите, одлучила да и помогне на Славица и да не се вброи меѓу животните кои за жал, завршуваат во кланица. Јелена е голем љубител на животните и таа апелира на милост кон нив. Познато е дека таа со години наназад не јаде месо и не носи животинско крзно. Славица сега оди на пасиштата на Златибор, далеку од кланиците.

 

Фото и текст: nova.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1