ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/24/22 8:23 AM

Фетел ограбен во Барселона, па на скутер ги бркал крадците

Поранешниот светски првак во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел, бил ограбен во Барселона по што самиот со електричен скутер тргнал во потера по крадците, јавија денеска шпанските медиуми.

Локалната полиција потврди дека четирикратниот светски првак минал неповреден во инцидентот, а разбојниците украле ранец од неговиот автомобил.

Грабежот се случил во центарот на градот пред хотелот во кој возачот на Астон Мартин престојувал за време на трката за Големата награда (ГН) на Барселона изминатиот викенд.

Според шпанските медиуми, Фетел го оставил отворен прозорецот во својот автомобил што разбојниците го искористиле и му го украле ранецот.

Германскиот возач во Ф1, меѓутоа, со електричен скутер тргнал во потера по крадците, откако успеал да ја утврди локацијата на украдениот предмет со помош на слушалки кои биле во ранецот.

Слушалките биле пронајдени фрлени од возилото, а се претпоставува дека крадците сфатиле дека можат да бидат лоцирани.

Случајот е пријавен во полиција која отворила истрага.

Фетел во неделата го освои 11 место на ГН на Барселона, а во генералниот пласман сезонава во Ф1 е на 14 место.

МИА

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1