(Видео) Колач со јагоди: Едноставен рецепт за десерт во кој ќе ужива целото семејство!
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/28/22 4:00 PM

(Видео) Колач со јагоди: Едноставен рецепт за десерт во кој ќе ужива целото семејство!

Сезоната на јагодите веќе почна, па денес ви даваме предлог за еден интересен колач во кој ќе може да ужива целото семејство, а за подготовка ќе ви биде потребно сосема малку време.

Состојки:

300 мл засладена слатка павлака

800 гр јагоди

150 гр сечкани јагоди

300 гр бисквити

шеќер во прав

Подготовка:

Изматете ја слатката павлака, па додадете ги изблендираните јагоди и промешајте. Во смесата истурете ги сечканите јагоди и промешајте. Огноотпорниот сад покријте го со проѕирна фолија и над него ставете бисквити по ваш избор. Со смесата со јагоди прелијте уште еден ред бисквити. Покријте со фолија и оставете во замрзнувач околу 4 часа. Посипете со шеќер во прав.

Извор: stil.kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7