ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/23/22 11:35 AM

(Видео) Светот му се смее на Путин, руска ракета од пет милиони долари уништила јавен тоалет на плажа во Одеса

Владимир Путин испука ракета вредна пет милиони долари во Одеса, која наводно го уништила само јавниот тоалет на плажата, пишува Дејли Стар.

Црноморското пристаниште Одеса игра важна улога во целокупната економија на Украина и моментално е под руска поморска блокада. Градот е клучна стратешка цел за Русите и е подложен на силно бомбардирање.

Уништувањето на јавниот тоалет беше потврдено во соопштение на оперативците во јужна Украина.

– Во регионот на Одеса е почувствуван уште еден ракетен напад со употреба на авиони. Непријателот со воздушни ракети го уништи тоалетот на плажата. Други загуби немаше – се наведува во краткото соопштение.

Корисниците на социјалните мрежи набрзо го напишаа своето мислење за инцидентот, а повеќето ја исмеваа руската војска.

Никола Воробјов, украински воен новинар, напиша: „Руска балистичка ракета вредна пет милиони долари штотуку погоди јавен тоалет на плажа во Одеса. Дали знаете за некоја друга подобра воена инвестиција?

Тримесечното бебе беше меѓу најмалку петте лица убиени во неодамнешните ракетни напади врз градот. Најмалку осум Украинци загинаа, а 18 се повредени во нападот во саботата, изјави началникот на кабинетот на претседателот Андриј Јермак во објава на интернет.

Одеса е најголемото и единствено длабоководно пристаниште во Украина. Приближно 70% од вкупниот украински увоз и извоз се врши по морски пат, а 65% се реализираат преку пристаништето Одеса.

Одеса е исто така една од најважните појдовни точки за украинските житарки на меѓународните пазари.

извор: slobodnadalmacija.hr/

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1