ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/23/22 10:06 AM

(Видео) Ги соблече панталоните, па направи шоу за паметење: „Двојникот“ на Пеп ги збуни сите во соблекувалната на Сити

Манчестер Сити е шампион на Англија, по четврти пат во претходните пет сезони, а до титулата стигна на најдраматичен можен начин – во последното коло, откако загуби губеше со 0-2 од Астон Вила и направи целосен пресврт!

Ливерпул можеше тоа да го искористи за да ја освои шампионската титула со триумф против Ватфорд (3:1), но Илкај Гундоган со два гола и одличниот Родри – направи голем пресврт на „Етихад“ и го доведе Пеп Гвардиола до солзи, а навивачите до невидено еуфорија, што доведе до пукање на стативи на стадионот.

„Последниот натпревар е секогаш посебен, емотивен. Ние сме легенди. Кога освојувате титули во четири од пет години, тоа е само затоа што овие момци се многу посебни. Тие ќе не паметат и најдобро е да ја освоиме титулата пред нивните навивачи“, рече Гвардиола.

„Кога израмнивме, почувствувавме дека имавме голема шанса да ја дадеме третата, да победиме. Големината на нашиот успех е еднаква на големината на нашиот ривал, а никогаш не сум видел тим како овој Ливерпул. Секоја чест за нив, бидејќи од нив во неделата неделата беше се подобра и подобра“.

После тоа „двојникот“ на Пеп Гвардиола се опушти и фер се забавуваше со фудбалерите кои со песни и ора ја прославија шампионската титула. Иако многумина мислеа дека тоа е Гвардиола, тој сепак е економот во тимот кој доста личи на него.

извор: Твитер/Мондо

фото: twitter.com/sterling7/

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1