ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/23/22 8:25 AM

Внимавајте со телефоните: Дете(2) од мобилниот на мајка му нарачало 31 чизбургер

Мајка од Тексас на потешкиот начин научила дека не треба да го остава отклучен мобилниот телефон во близина на својот двегодишен син. Момчето  нарачало 31 чизбургер од Мекдоналдс преку локална компанија за испорака на храна.
Келси Голден, која се занимава со маркетинг, работела од дома и префрлала фотографии од телефонот на компјутер кога дошол нејзиниот двегодишен син и го зел телефонот. Мајката објаснила за CNN дека момчето сакало да го гледа својот лик на екранот кога камерата е вклучена и филтрите се менуваат. Меѓутоа, овој пат не се гледало само себеси.
„Почна да притиска на екранот и да го движи прстот“, изјави Голден.
Набрзо била известена од локален курир дека нејзината нарачка траела подолго од вообичаено. Оваа порака ја изненадила бидејќи тој ден, како што вели, не порачала храна.
Ситуацијата се разјаснила кога пред куќата било паркирано возило за испорака, а доставувачот од Мекдоналдс извадил огромна торба во која имало 31 чизбургер. Голден вели дека прво помислила дека доставувачот ја згрешил адресата
„И тогаш ми текна дека Барет си игра со мојот телефон. Го зедов телефонот и видов дека во тој момент е направена нарачка“, објаснила мајката и додала дека мора да плати 91,7 долари за несакана нарачка.
Бидејќи никој од нејзиното семејство не сака чизбургери, Голден на заинтересираните им понудила бесплатни оброци преку нејзиниот Фејсбук профил.
Келси вели дека набрзо се појавила една трудница која сакала шест чизбургери, а другите ги поделила во соседството.

Извор: rs.n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1