ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/21/22 7:19 PM

На гласање по гаќи, среде есен на студ и дожд – Се избра нова Влада во Австралија

Во Австралија се одржаа избори, а она што го одбележа гласањето беа дефинитивно гласачите кои дојдоа на гласање во – костими за капење, или гаќи за капење.

На фотографиите кои се појавија на светските агенции и на социјалните мрежи може да се забележат како гласаат во костими за капење, ама некои од нив носеле и даски за сурфање.


Сепак, постои причина за тоа. Компанијата која произведува костими за капење „Баџи Смаглер“ понудила бесплатен пар костими за капење или гаќи за капење на сите што ќе излезат на гласање во своите стари костими за капење од нивното производство.

Љубителите на костими за капење се одзваа на повикот, и покрај студеното време и дождливите услови, кои го зафатија поголемиот дел од земјата.
„Мислевме дека може да има еден или два… но се покажа дека има стотици“, рече сопственикот на компанијата Адам Линфорт.

„Ќе биде скап ден за Баџи Смаглер“, додаде тој.

Споменатата компанија за локалните медиуми во Австралија потврди дека ќе испрати ваучери за костими за капење на секој што ќе испрати свои фотографии од гласањето. Тие имаат рок до понеделник да го направат тоа.

Извор:n1info.com

Фото: Твитер


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1