ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/21/22 1:49 PM

Марко и Мартина станаа жители на Швајцарија, а Бим и Бум ќе живеат царски

Две мечки ос скопската Зоолошка градина ќе станат жители на Швајцарија.
ова го соопши Тина Мицковска, дел од тимот на ова Зоо, која објасни што навистина се случува:
-Последната успешна мисија со пријателите од FOUR PAWS, а и чекавме прво со возбуда мечките да стигнат безбедно во новиот дом. Марко и Мартина, а сега Сем и Џамила ( нов живот, нови имиња) од Скопје ЗОО отпатуваа во нов живот во AROSA Bear Sanctuary во Швајцарија. Не знаете колку бев среќна зошто конечно ми се исполни и оваа желба, едно од најстарите живеалишта во Зоолошка ќе биде реновирано и доволно големо и пространо за Бим и Бум да живеат царски, а другиве двајца другари ќе ни бидат Швајцарци во преубаво место, каде што најпрекрасни луѓе ќе се грижат за нив, напиша таа на Фејсбук и додаде:
-Благодарност највеќе до Four Paws кои и овојпат помогнаа и овие две односно четири мечки да добијат подобар живот, а секако  за моите колеги кои го прифатија предизвикот и дење ноќе бевме во ЗОО со тимовите од странство на неколку пати бидејќи се правеа подготовки и медицински прегледи за транспортот. Сите сме неспиени, ама среќни, едвај чекам слики од мечките кога ќе бидат пуштени надвор во тој преубав рај каде што се сега, информира Мицковска.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1