ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/20/22 4:24 PM

Малку кој веруваше дека ќе имаме просечна плата од 30.000 денари, се пофали Ковачевски

Покачувањето на платите и вложувањето во стандардот на граѓаните е политика на која останавме доследни. Благодарение на првичните политики и одговорното владеење, ветувањето на СДСМ од 2017 година е целосно реализирано!, објави на својот фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

– Малку кој веруваше дека ќе имаме просечна плата од 30.000 денари. Ова ветување беше мета на критика и потсмев од опозицијата која силно се противи на растот на платите, но и покрај честите опструкции од нив – успеавме.Во време на голема економска криза сфаќаме колку се значајни овие политики. Со покачувањето на платите ги штитиме граѓаните од големиот раст на цените, а буџетот го насочуваме онаму каде е најпотребно, да обезбедиме повеќе приходи, да ги намалиме ценовните шокови и заеднички полесно да ја надминеме кризата, објави Ковачевски.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2022 година, изнесува 31.080 денари, согласно податоците на Државниот завод за статистика.  Во однос на март 2021 година, истата е зголемена за 10,1% или за 2.863 денари, што е помалку од зголемувањето на основните трошоци за живот во синдикалната кошница на ССМ.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1