ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/20/22 1:16 PM

Просечната плата надмина 500 евра – Во март нето просекот бил 31.080 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март годинава, изнесува 31.080 денари и во однос на март лани е зголемена за 10,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21,4  проценти), Уметност, забава и рекреација (20,2  проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна  (19,5 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16,9 проценти), Рударство и вадење на камен (13,5 проценти) и Преработувачка индустрија (7,1 процент).

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1