ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/19/22 10:00 PM

Зошто се заљубувате во погрешни личности? Експертите укажаа каде грешите

Зошто се заљубувам во погрешни луѓе – ако некогаш самите на себе сте си го поставиле ова прашање, прочитајте ги советите и откритијата на руска психоаналитичарка. Постои само еден начин да излезете од ваквиот круг. Љубовта е моќна сила кон која целиме цел живот, таа на човекот му е потребна како воздух.

„Желбата за љубов е во основата на човековата психа. Детето на почетокот е преплавено од љубовта кон родителите. Резултатите од овој прв контакт на изразување љубов можат да бидат многу различни и да влијаат на перцепцијата за љубовта подоцна во животот“, објаснува психоаналитичарката Надежа Кутузова.

Кога ќе се заљубиме, тоа чувство е непроценливо. Имаме чувство како да сме добиле нова сила, да имаме моќ да се бориме, а во стомакот ни се создава необично чувство на пеперутки кое доминира со нас. Меѓутоа, многу луѓе се заљубуваат во погрешни личности и се разочаруваат. Ваквите грешки  оставаат емотивни рани. За жал, ваквите односи често се повторуваат повторно и повторно…Зошто се вљубуваме во погрешни луѓе?

„Механизмот на заљубување е многу комплициран, тоа е комбинација на сценарија на родителски односи, трауматски ситуации од минатото, карактеристики на човечката психа и биологија“, вели егзистенцијалниот психотерапевт Федор Осипов.

Според него, љубовта е синтеза на менталното и физиолошкото. Личноста ги потиснува родителските модели во односите и настојува да ги репродуцира понатаму во животот, но исто така љубовта се поврзува со производството на посебни хормони, или она што вообичаено се вика хемија меѓу луѓето. Важна улога во критериумите за избор на партнерот игра и општеството, приказните за принцовите и принцезите се почесто остануваат само во бајките.

Искуствата од минатото исто така во голема мера влијаат на некогашната сегашна и идна перцепција за љубовта. Се заљубуваме во луѓе кои донекаде не’ потсетуваат на оние фигури кои се значајни во нашиот живот. Еден од необичните критериуми кои влијаат на појавата на чувството на љубов кон одредена личност е мирисот. Освен тоа, на изборот на партнер влијае и помнењето на одредени клучни информации во мозокот во периодот кога сме се развивале во детството.

„Благодарение на тоа, детето создава слики според кои подоцна го бира својот партнер“, објаснува психологот.

Психоаналитичарката, Надежда Кутузова објаснува дека погрешните љубовни избори се случуваат бидејќи за партнерот се врзуваат преголеми очекувања. Тоа најчесто се очекувањата кои жените ги имаат од себе, но кога не постигнуваат да ги исполнат, може да ги префрлат на својот партнер.

„На пример, жена која има стравови околу градењето кариера, неповратно се заљубува во амбициозен маж со убава кариера“, забележува психоаналитичарката.

Меѓу другите вообичаени облици на необични манифестации на романтични чувства, постои љубовта кон хероите од книгите, ТВ сериите и историските ликови. Платонската или измислена љубов има длабоки психолошки основи и не е толку безопасна како што изгледа. Како што забележува психологот Федор Осипов, заљубувањето во недостапни ликови е еден вид обид да се избега од реалноста или да се заменат вистинските односи со платонски.

„Луѓето се заљубуваат во ликот на херои кои веројатно веќе ги сретнале во животот. Таквата љубов е проекција на некои идеални идеи за партнерот, а зборува и за незрелоста на човекот да изгради полноправна врска“, вели тој.

Психологот Надежда Кутузова додава дека заљубувањето во ликовите од книгите или филмовите е поврзано со избегнување на вистинската човечка интимност, како и со стравот од градење на таа интимност.

Психологот Кутузова советува: за љубов без разочарување и болка, неопходно е да се заземе возрасна позиција во врската. Односно, не само да барате внимание и љубов за себе, туку и да бидете подготвени да го споделите сето тоа со другите.

„Проблемот со луѓето кои се гладни за љубов е во тоа што тие самите не сакаат да ги сакаат другите“, вели таа.

 

Извор: sensa.mondo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7