ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/18/22 9:54 AM

Затвор за наставничка која родила дете од својот 14-годишен ученик – случај од Италија

Апелацискиот суд во Фиренца, Италија,  вчера осуди 34-годишна наставничка на 6 години и 5 месеци затвор. Жената имала афера со својот ученик, малолетник  кој во тоа време имал 13 години. Наставничката му давала приватни часови по англиски јазик. Кога момчето наполнило 14 години, наставничката останала бремена и родило машко бебе, чие татковство се понудил да го признае нејзиниот сопруг.

Наставничката е осудена за сексуална злоупотреба на малолетник. Спротивно на првостепената судска одлука, Апелациониот суд во Фиренца одлучи дека нејзиниот сопруг, кој првично му го дал на детето неговото презиме, не е кривично одговорен.

За со сигурност да се утврди татковството на детето, правосудните органи наредија ДНК тест. Приказната е откриена кога 14-годишникот се доверил за врската со наставничката на својот тренер во фудбалски тим.

Судиите од Фиренца донеле одлука наставничката да плати отштета од 30.000 евра на ученикот (кој сега има 17 години) и 20.000 евра на неговите родители.

Според италијанскиот печат, осуденичката освен физичко насилство вршела и значително психичко насилство од моментот кога постојано му се заканувала на тинејџерот дека доколку раскине со неа, ќе изврши самоубиство. Притоа постојано ја следела неговата страница на Фејсбук за да се увери дека тој не излегува со друга девојка.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1