ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/17/22 2:29 PM

Собранието исплатило 107.000 евра за патни трошоци и апанажа во услови на економска криза

Во последниве шест месеци, Собранието на Република Македонија исплатило околу 6 милиони денари за патни трошоци и близу 600.000 денари за апанажа на државните функционери – или вкупно исплатени се неверојатни 6.600.000 денари (107.000 евра) за комплетно непродуктивни трошоци во услови на економска криза, соопшти Левица.

“Очигледно пратениците не се осмелуваат да се откажат од своите привилегии. Државните функционери продолжуваат да ги уживаат аморалните државни привилегии, за сметка на грубото обезвреднување на трудот на обичните работници“, реагираше партијата на Димитар Апасиев.

Неколку пати до сега, пратениците од владејачкото мнозинство гласаа убедливо против предложените закони од страна на пратениците на Левица, кои предвидуваа подобрување на работничките права и економската положба на мнозинството граѓани.

„Доколку пратениците од СДСМ и ДУИ не ги блокираа овие предлог-закони, во моментов: пратениците ќе земаа надоместок за патни трошоци во висина на повратен автобуски билет, како и сите останати работници ширум државава; апанажата за државните функционери или ќе беше укината или сите работници ќе земаа апанажа под исти услови како државните функционери;
исплатата на платите ќе мораше да се врши до 5-ти во месецот; работникот ќе имаше обезбедена поголема сигурност во работниот однос, преку значително намалување на максималната горна граница за склучување на договори за вработување на определено работно време од 5 години на 6 месеци; ќе беа материјално обештетени стечајците; студентите ќе добиваа зголемен надоместок за студентски оброк; посебниот додаток за децата со попреченост ќе беше двојно зголемен;
граѓаните ќе плаќаа за 50% пониски патарини од досегашните, а за во иднина секое отварање на нова наплатна станица ќе мораше да помине преку пратениците, а не тоа паушално да го прави Владата по нејзин личен став; ќе се подобреа условите за работа на земјоделците преку гарантирање на правото на исплата на продадените земјоделски производи и навремена исплата на нивните средства“, соопшти оваа партија.

извор: Левица


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1