ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/17/22 8:39 AM

(Видео) Дали Путин навистина е болен? Се појави нова снимка со претседателот на Русија

Долго време се шпекулира дека рускиот претседател Владимир Путин е во лоша здравствена состојба.

Шпекулациите за рускиот претседател се зголемуваат од почетокот на руската инвазија на Украина. Така, на пример, се претпоставува дека боледува од рак или Паркинсонова болест, но нема официјална потврда за ниту едно од овие тврдења. Во медиумите се појави уште една снимка од средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон, што покрена нови гласини дека рускиот лидер можеби е болен.

Во видеото споделено од руските медиуми и пренесено од украинската новинска агенција Daily Ukrainian News, Путин се тресе со нозете додека разговара со својот колега, а се шпекулира дека тоа однесување е спротивно на нормалното однесување на лидерот, пишува Newsweek. Невообичаеното однесување веројатно го забележал и Рахмон, кој во еден момент гледа надолу кон Путин додека ги врти нозете и зборува за безбедноста на Таџикистан.


По воената поворка во Москва во чест на 77-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија, имаше и шпекулации дека рускиот претседател е болен.  Путин во еден момент од прославата поради студот се покри со ќебе и се накашла.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1