ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/15/22 1:39 AM

„Нашата музика ја освојува Европа“: Зеленски се огласи по евровизиската победа

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски се огласи на социјалните мрежи веднаш откако неговата земја беше прогласена за победник на Евровизија 2022.

-Нашата храброст го импресионира светот, нашата музика ја освојува Европа!

Следната година Украина ќе биде домаќин на Евровизија! По трет пат во својата историја. И верувам – не е последен.

Ќе дадеме се’ од себе да бидеме домаќини на учесниците и гостите на Евровизија во украински Мариупол.

Ослободен, мирен, повторно изграден!

Благодарност за победата на Калуш оркестра и на сите кои гласавте за нас!

Групата Калуш оркестра настапија во Торино со темата „Стефанија“ и освојувајќи 631 поен и’ ја донесоа на Украина евровизиската победа.

Украина е победник на Евровизија 2022


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1