ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/15/22 1:24 AM

Украина е победник на Евровизија 2022

Бендот „Калуш оркестра“ ја пласираше Украина на првото место на Евровизија 2022.

Темата „Стефанија“ беше еден од потенцијалните фаворити за победа, а видеото од настапот на Олег Писук, Ихор Диденчук и МС Килимен објавено на Youtube најгледано од сите со настапите на државите учеснички. Веднаш зад Украина се пласираше Велика Британија, а третото место им припадна на Шпанците.


Украинските претставници брзо ги освоија симпатиите на јавноста, откако допатуваа во Торино и покрај војната во нивната земја, чие знаме го вееја откако се пласираа во финалето.
Прогласувајќи ги победниците водителите на годинашнава Евровизија порачаа дека „Секој сака мир, а љубовта е мир“.

„Праќаме пораки за мир, љубов и среќа“, додадоа тие заокружувајќи го 66-тото издание на Евровизија кое се одржа под слоганот „Ова е звукот на убавината“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1