ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/15/22 1:02 AM

Бритни Спирс го изгуби бебето, еден месец по објавувањето на бременоста

Пејачката Бритни Спирс објави дека го загубила бебето.

Таа ја сподели веста со своите обожаватели на социјалната мрежа Инстаграм. Четириесетгодишната музичка ѕвезда минатиот месец обелодени дека со нејзиниот свршеник Сем Ашгари очекуваат дете.

„Ова е ужасно време за секој родител. Можеби требаше да почекаме да објавиме, но како и да е, бевме многу возбудени да ги споделиме нашите добри вести“, се вели во изјавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Таа наведе дека со нејзиниот свршеник ќе продолжат да се обидуваат да ја прошират нивната убава фамилија, но замоли за приватност додека тагуваат за загубата.

Спирс има два сина тинејџери, Шон и Џејден, со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.

Турбуленции пред венчавката: Бритни Спирс сака да си го заштити богатството со предбрачен договор


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1