ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/14/22 3:42 PM

Опозицијата итно да го деблокира Законот за тутунарите во Собранието, бара Ковачевски

Средствата за исплата на субвенциите за тутунарите се обезбедени во буџетот и останува, како и секоја година, со измена во законот да се обезбеди нивната исплата – изјави денеска премиерот, Димитар Ковачевски.

„Таа измена во законот им ја олеснува постапката на примателите на субвенции, односно производителите на тутун не треба да одат во УЈП да вадат потврда за платени даноци со цел да се олесни прво исплатата за да се олесни технички поднесувањето на барањето за субвенциите. Како и секоја година станува збор за техничка измена која што Собранието веднаш ја одобрува, но до овој момент на Комисијата за земјоделство тој закон не го става на дневен ред”, истакна Ковачевски.

Премиерот потенцираше дека тој на парламентарна говорница побарал од пратениците веднаш да го стават законот на дневен ред, но со оглед на тоа дека Комисијата за земјоделство се води од пратеник од опозицијата, односно претседател на една од коалиционите партии на ВМРО – ДПМНЕ, тој закон се’ уште не се става на седница и не се закажува седница.

„И само од тука можете да видите дека опозицијата блокира закони кои што значат подобар живот на граѓаните, а овде токму за тоа се работи бидејќи се обезбедуваат субвенции за производителите на тутун кои што се многу значајни производители во државата. Еве уште еднаш ја користам оваа можност да ги повикам веднаш да се закаже седница на Комисијата за земјоделство и таа техничка измена на законот за неколку часа да биде изгласана за да можат производителите на тутун да почнат веднаш да ги примаат своите субвенции”, нагласи Ковачевски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1