ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/14/22 2:26 PM

Блокадата не е инстант акција: В понеделник ќе дискутираме за следните чекори, вели Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски денеска најави дека в понеделник на седница на партискиот Извршен комитет ќе се отвори дискусија за следните чекори што ќе ги преземе партијата во однос на блокадата на Собранието.

Во изјава за медиумите, Мицкоски рече дека остануваат на ставот да се блокираат сите закони кои ВМРО-ДПМНЕ ги смета за штетни, но нема да бидат блокирани оние законски решенија кои се од интерес на граѓаните.

„Ова е стратегија што ќе трае, нема да биде инстант акција. Се’ што не е од интерес за граѓаните, ние ќе го блокираме во Парламентот, како прв чекор. Во понеделник, ќе имаме седница на Извршниот комитет и ќе отвориме дискусија за вториот и за третиот чекор. Ова е стратегија што многу ќе трае. Нема да биде инстант акција која што ќе заврши денеска или утре. Не очекувам дека луѓето туку така ќе ја напуштат фотелјата“, изјави Мицкоски.

Тој побара на пленарна седница на Собранието да се стави законот за заем од Светската банка, со кој 63 милиони евра треба да бидат вложени во општините за нова инфраструктура.

– Нека го стават законот на гласање и нека го поддржат затоа што народот одлучил ВМРО-ДПМНЕ да има 50-тина општини каде што ќе биде власт. Тој закон ќе го поддржиме затоа што 63 милиони евра ќе бидат вложени во проекти, во подобри услови за живот на граѓаните, рече Мицкоски.

Во однос на снимката на која се слуша гласот на претседателот на Собранието,  Талат Џафери, Мицкоски рече дека не разбира зошто премиерот Димитар Ковачевски „јавно го премолчува тоа” и зошто нема реакција.

– Ниту одговорност, ниту некој нешто кажа, ниту пак медиумите го ставија тоа на едно високо ниво. Парламентот и вработените не се место каде што некој треба да го лечи својот нервен систем. Се срамам што воопшто познавам такви луѓе во мојот живот ,поради природата на мојата работа, рече Мицкоски.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1