ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/14/22 1:15 PM

Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 очекувано во ракометното куп финале

Ракометарите на битолски „Еурофарм Пелистер” и скопски „Вардар 1961″ ја оправдаа фаворитската улога во полуфиналните пресметки на завршниот турнир во Македонскиот куп што се одржа во Кавадарци и ќе играат за трофејот во неделното финале.

Еурофарм Пелистер не дозволи изненадување и со 26-21 (16-9) го совлада Бутел во полуфиналето.

Пласман во финалето обезбеди и бранителот на трофејот Вардар со триумф над Еурофарм Пелистер 2 со 28-24.

На програмата денеска се двете полуфинални пресметки во женскиот ракометен куп меѓу ЖРК Куманово – ЖРК Металург (14 часот) и Ѓорче Петров ЖРК – ЖРК Чаир (17 часот).

Машкото финале ќе се игра в недела со почеток во 19:30 часот, а претходно од 17 часот е натпреварот за трофејот во женска конкуренција.

 

МИА

Фото: macedoniahandball.com.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1